Осум ракети паднаа во турската база во Ирак
Неидентификувани напаѓачи истрелале денеска осум ракети врз турска воена база во северен Ирак, од кои две паднале во објектот, соопшти Антитерористичката група, безбедносна организација во ирачкиот автономен курдски регион.
Едно лице во базата е рането, рече извор од ирачките безбедносни сили кој одби да биде идентификуван.
Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот во раните утрински часови врз базата Зилкан, во која се сместени турските сили во провинцијата Ниневија во северен Ирак.
Турција со децении спроведува операции во Ирак против Курдистанската работничка партија (ПКК), која има бази во регионот. Турција, САД и ЕУ ја прогласија ПКК за терористичка група.
Групата покрена бунт во југоисточна Турција во 1984 година во кој загинаа повеќе од 40.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
