Осум сообраќајки во Скопје, загина пешак
Еден пешак загинал, три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 13 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Материјална штета е причините во четири сообраќајни незгоди.
Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 28 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.
Казнети се и 13 возачи за технички неисправни возила, 12 за нерегистрирани возила, како и 101 возач за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 79 возила.
Полицијата евидентирала и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 12 кои поминале коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, четворица за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, седум за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер