Македонија
2. October 2018 - 10:25

Осум тони смет собрани во акцијата во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов

Осум тони смет е собрано во акцијата на општина Кисела Вода спроведена во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.

Од општина Кисела Вода информираат дека со работната акција, во овие урбани заедници се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини, кои се во надлежност на локалната самоуправа. Сезонските работници ангажирани од општина Кисела Вода покрај расчистувањето на сметот собираа и кабаст отпад.

Есенската акција за чистење на Кисела Вода, во четврток и петок ќе продолжи да се одвива во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Локалната самоуправа апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените корпи и контејнери за отпадоци, да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода.