-->
-->
Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот
-->

Вкупно 80 политички затвореници се ослободени синоќа во Венецуела како дел од неодамнешната амнестија, изјави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез.
„Денес, 80 лица беа ослободени во Каракас“, рече тој, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија.
Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро од страна на САД.
Законот, усвоен од пратениците, беше ветен под притисок од САД од страна на привремената претседателка Делсеа Родригез, која ја презеде функцијата по апсењето на претседателот Николас Мадуро за време на американската воена операција на 3 јануари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
