-->
-->
Осветување на новоизградената црква „Св. Петка“ во Прилеп
-->
Во Прилеп денеска официјално ќе биде осветена и отворена за сите обреди новоизградената црква „Света Петка“ во населбата Точила.
Со чинот на осветувањето на храмот изграден во византиски стил, ќе чиноначелствува поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во сослужение со митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и епископот Хераклејски г. Климент. Потоа ќе следува свечена литургија, а настанот согласно верските традиции ќе заврши со свечена трпеза на љубовта.
Утринската богослужба со божествена архиерејска литургија и осветувањето ќе почнат утринава од 7 часот. Вчера вечер, пак, како дел од свеченостите во црквата „Света Петка“, се одржа вечерна богослужба, а потоа и духовна академија за процесот на градење на црквата.
Бранко Нешкоски, раководител на одделот за урбанистичко планирање при прилепската локална самоуправа појасни дека црквата е изградена со донации, а целиот зафат чинел над 400.000 евра.
- Градењето на „Света Петка“ е посебен пример на совршена градба и на штедливост за ваков вид објект. Се градеше осум години и по точно 100 години од градењето на последниот свет храм во Прилеп и затоа е и историски чин за градот, рече Нешкоски.
Изградбата опфаќа црква, како средишен објект и е целосно завршен, камбанаријата е 80 отсто завршена, а догодина ќе се доуреди просторот околу црквата како и административниот дел, додаде Нешкоски.
Отец Благоја Станкоски од прилепското намесништво, кој е дел од Иницијативниот одбор за изградба на црквата, информира дека дел од внатрешноста на црквата е фрескоживописан. Завршен е олтарскиот дел и двете кубиња, а иконостасот и олтарскиот дел се од мермер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет