„Отфрлете ја Тиранската платформа“- вака беше пречекан Хан во Македонија
Македонските граѓани со низа транспаренти и македонски знамиња поставени на надвозниците на влезот од Скопје го пречекаа еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој денеска доаѓа во Македонија за да оствари средби со политичките претставници.
-„Македонија ќе победи“, „Отфрлете ја Тиранската платформа“, „Покажете почитување“… Ова се само дел од пораките до Хан испишани на транспарентите. Инаку, Хан е упорен да не се сретне со претставници на граѓанското движење „За заедничка Македонија“. Откако тие побараа средба со него, неговата портпаролка Маја Коцијанчич објасни дека тој во Скопје ќе има набиена агенда и дека нема време.
Работите можеа да имаат поинаков тек откако претседателот Ѓорге Иванов најави дека нема да се сретне со комесарот и дека времето за средба им го отстапува на организаторите на протестот за, како што рече, Хан да запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена.
Сепак, ова не беше доволно и предмалку Коцијанчич за Телеграф.мк нагласи дека Хан останува на ставот да не се сретне со претставници на „Заедничка Македонија“.
Ново на Сител
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар
-
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
-
Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
-
Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки