Откажан АТП турнирот во Вашингтон
Првиот турнир во календарот АТП закажан за средината на август и за продолжување на сезоната, Сити Опен во Вашингтон, е откажан поради проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус, велат организаторите.
Деновиве се појави страв дека може да се случи вакво нешто, некои медиуми објавија можност за откажување и се чини дека организаторите сè уште не биле во можност да ги надминат бројните и реални пречки.
Затоа сопственикот и директорот на турнирот, Марк Ејн, одлучи дека е најдобро за сите да не го одржат турнирот, кој требаше да започне на 14 август.
– Има премногу работи што не успеавме да ги решиме одвнатре, вклучувајќи ги и меѓународните ограничувања за патувања, се појавија одредени безбедносни процедури и сето ова нè принуди да ја донесеме оваа одлука, која е коректна кога станува збор за играчите, нашите партнери и добавувачи. Ниту еден од нив не треба да има неизвесност во однос на планирањето. Здравјето и безбедноста мора да бидат приоритет број еден овие денови, рече Ејн во изјавата.
Несомнено е дека ваквата одлука на организаторите на Сити опен, турнир во категорија АТП 500, негативно ќе влијае на одржувањето на УС Опен, што е предвидено да се одржи од 31 август до 13 септември.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје