-->
-->
Откажан спустот во машка и женска конкуренција
-->
Спустот за скијачки во првенството за Светскиот куп требаше да се вози во саботата во Алтенмарк и спустот за скијачи во Венген се откажани поради лошите временски услови, објавија оранизаторите.
Спустот за скијачки во Алтенмарк-Заухенсе е откажан поради лошите временски услови. Прво во четвртокот снегот спречи одржување на двата тренинга на скијачките, а во петокот снегот и маглата. Поради тоа, Светската скијачка федерација (FIS) одлучи во саботата пред самата трка на спустот да одржи тренинг, што е неопходно за одржување на ова натпреварување. Меѓутоа, временските услови не го дозволија ниту тоа.
Организаторите и FIS сега размислуваат за можноста спустот да биде префрлен во неделата, наместо комбинациите Супер Џи и слалом.
Спустот за скијачите требаше да стартува во 12,30 часот, ное откажан поради големите количества снег кој нападна во текот на петокот и ноќта. Од петокот во Венген нападнале нови меѓу 40 и 50 см снег, а дува и силен ветер кој го отежнува подготвувањето на патеката. Меѓутоа, не е окажан слаломот, кој е на распоред во недела. Првата трка е на програмата во 10,30 часот, а втората во 13,30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок