Македонија
9. September 2021 - 10:20

Откажани повеќе настани поради трагичниот настан во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Претходно, настаните за денеска ги откажа и министерката за образование и наука Мила Царовска, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Настанот по повод прогласување на Шар Планина за национален парк, како и денешното судско рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“.

Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во Болницата во Тетово и за кратко време целосно изгоре Ковид центарот. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила. Пожарот е изгаснат за речиси половина час.