Откриен идентитетот на „внуката на Путин“

Мистериозна „многу згодна Русинка“, која на советникот на Доналд Трамп му понудила состанок со високи функционери од Кремљ, дефинитивно не е „внука на Путин“.
Девојката, која заедно со „руски доктор“ разговарала со советникот на Трамп, Џорџ Пападопулос, се вика Олга Виноградова, наведува „Политико“.
„Името кое досега не беше познато, е значајно за истражителите кои се обидуваат подобро да ја разберат улогата на женската личност, која претходно беше опишана како `внука на Путин`, за подоцна да се дознае дека не е во сродство со рускиот претседател“, пишува порталот „Политико“.
Според изворите на порталот, агентите истражуваат дали Виноградова користела псевдоним, а засега не е познато за кого работела, каде живеела, ниту како е поврзана со професорот од Лондон Џозеф Мифсуд, кој бил прв контакт на Пападопулос.
„Виноградова се појавува како една од таинствените фигури во приказната за контактите на соработниците на Трамп со руските власти. Руските разузнавачки служби се потпираат на надворешни соработници со скриени врски со луѓе во Кремљ, а меѓу нив има академци, деловни луѓе, олигарси, но и т.н. „слатки статапици“, атрактивни жени кои ги привлекуваат своите мети во врски кои можат да се користат за уцена“, наведува „Политико“.
Засега не е познато дали и Виноградова е во некоја од тие категории, но „Политико“ истакнува дека откривањето на нејзиниот идентитет може да биде важен дел од сложувалката и да се откријат методите на Крем`, наведува порталот.
Мифсуд за италијанска „Република“ изјави дека таа е „само студентка, многу убава студентка“, како и дека интересот на Пападопулос за неа е „се, само не академски“.
Пападопулос (30), беше дел од тимот на Трамп за претседателската кампања и еден од советниците за надворешна политика. Тој прифати да соработува со агентите на истрагата за наводните обиди на Русија да влијае врз американските избори и призна дека уште на 5 октомври имал контакти со „лица поврзани со руски државни функционери“.
Во документите од истрагата на специјалниот советник Роберт Милер, се истакнува дека Пападопулос во март 2016 во Лондон имал средба со неименуван „професор од странство“, за кого верувал дека имал значителни врски со функционери од Кремљ, но и инкриминирачки детали за Хилари Клинтон.
На средбата било и лице означено како „жена со руско државјанство“, а на Пападопулос му била претставена како „внука на Владимир Путин“.
Пападопулос претходно ги лажел агентите на ФБИ дека контактите ги имал пред да влезе во тимот на Трамп, а „факт е дека тоа се случило во периодот кога дознал дека ќе биде ангажиран“, како и дека „професорот стапил во контакт со него токму поради влегувањето во кампањата“, се наведува во документите од истрагата.
Ново на Сител
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
-

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
-

Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО
-

Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
-

Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80
-

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
-

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
