Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска
Косовската полиција откри денеска во Звечан, во северно Косово, оружје, муниција и војнички унифирми, за кои се претпоставува дека се поврзани со минатогодишниот терористички напад во Бањска кај Звечан, јави дописникот на МИА од Приштина.
Надлежните соопштија дека откако добиле информација, при претрес на локација во улица „Крал Петар“ во Звечан, пронашле четири гранати М75, две автоматски пушки, шест рамки со муниција за калашников, стотина куршуми, панцири, панталони, војнички јакни, тактички елеци, гас-маски, војнички ранци, пет војнички ремени и црна блуза.
Дел од откриената војничка опрема бил ссокриен во пластични буриња.
Во нападот на српска група во Бањска на 24 септември 2023-та беше убиен припадник на косовската полиција, а во пресметката што уследи беа убиени и тројца од напаѓачите, додека другите побегнаа во Србија.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!