Отстранети 70 хаварисани возила во општина Центар

Седумдесет напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата што општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР, информираа од Општина Центар.
Општинските служби поставиле опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од Пајак-службата на ПОЦ, 20 се отстранети од сопствениците, а дополнителни 20 возила се дислоцирани по телефонска пријава од граѓаните.
Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодарил на граѓаните кои покажале совесност и одговорност и се приклучиле на акцијата.
- Целта е да се расчистат јавните простори, паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години скапуваат и пропаѓаат. Апелирам до сите граѓани да ги пријават или сами да ги отстранат возилата кои не се во употребна функција или возна состојба. Возилата ќе бидат бесплатно транспортирани во депото и ќе им биде направена проценка согласно откупната цена за старо железо, истакнал Герасимовски.
Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на бесплатниот телефонски број 076 350 767. Општина Центар информира дека акцијата ќе продолжи со несмален интензитет, ослободувајќи простор за нови паркинг места и создавајќи поуредена и почиста средина за сите граѓани.
Ново на Сител
-

Силјановска го пречека бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
