Отсуството на обвинителката Стефановска го одложи рочиштето за „Траекторија“
Судењето за предметот „Траекторија” што се однесува на постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид продолжува на 13 март, откако денешното рочиште беше одложено поради спреченост да присуствува на обвинителката од СЈО, Лиле Стефановска.
Судијата Горан Бошевски, на почетокот информира дека обвинителката Стефановска го известила телефонски дека не е во состојба да присуствува на денешното рочиште.
– Можела да обезбеди замена но сакала таа лично да присуствува на предметот, изјави судијата Бошевски.
Случајот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.
Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелe штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.
Ново на Сител
-
Коментаторот на РТС се расплака на преносот Србија - Австрија поради трагедијата во Кочани | ВИДЕО
-
Манев: Да видев дека Палчо носи пиштол, немаше да бидам овде
-
Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров во целост ќе му биде исплатен на семејството
-
Најштетната храна за бебиња
-
„Ферари" сè попопуларен меѓу купувачите помлади од 40 години
-
Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките
-
„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи