Македонија
31. July 2015 - 10:10

„Отворен ден“ на Државниот Архив со граѓаните на Охрид

Државниот Архив на Република Македонија (ДАРМ) по повод националниот празник 2 август - Денот на Републиката, во текот на утрешниот ден ја организира манифестацијата  „Отворен ден на Архивите“.

Манифестацијата „Отворен ден“ ќе се спроведе и во Подрачното одделение на ДАРМ во Охрид, при што на јавноста ќе и биде презентирана историјата на Македонскиот народ низ најстарите  и најрепрезентативни документи што ги поседува, а се чуваат во депото на Архивот на Охрид.

Покрај документацијата што ќе биде претставена преку изложбена поставка, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со архивската дејност и активностите на архивските работници. Манифестацијата е од отворен карактер  и ќе трае од 18 часот до 22 часот, во просториите на Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид.