„Отворен ден“ на Државниот Архив со граѓаните на Охрид
Државниот Архив на Република Македонија (ДАРМ) по повод националниот празник 2 август - Денот на Републиката, во текот на утрешниот ден ја организира манифестацијата „Отворен ден на Архивите“.
Манифестацијата „Отворен ден“ ќе се спроведе и во Подрачното одделение на ДАРМ во Охрид, при што на јавноста ќе и биде презентирана историјата на Македонскиот народ низ најстарите и најрепрезентативни документи што ги поседува, а се чуваат во депото на Архивот на Охрид.
Покрај документацијата што ќе биде претставена преку изложбена поставка, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со архивската дејност и активностите на архивските работници. Манифестацијата е од отворен карактер и ќе трае од 18 часот до 22 часот, во просториите на Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток