Отворен ден на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип во Прилеп

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп ги претстави своите студиски програми пред средношколците од градот.
Според проректорот за настава Кирил Барбареев, Универзитетот годинава има нов пристап - наместо само во средните училишта, отворено пред граѓаните да ги претстави наставните програми и да го привлече вниманието на идните академски граѓани.
Денешниот отворен ден на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, рече тој, е еден од начините универзитетот да се претстави пред средношколците, особено пред оние кои планираат да се запишат на некој од факултетите.
Универзитетот има свои наставни центри, а Прилеп, истакна Барбареев, е сериозен наставен центар кој има студиски програми од: факултетите за природни и технички науки, за земјоделски науки со седум студиски програми.
- Ова го правиме зашто Универзитетот е сериозна институција која има општествена мисија да се претстави и пред граѓаните, да ги запознае со она со што располага и да даде визија каде, всушност, младите треба да студираат. Станува збор за 12 факултети и три академии. Има околу 5500 слободни места во четири наставни центри. Во моментов УГД запишува околу 2300 студенти и очекуваме таа бројка да се зголемува. Во изминатите 10 години низ Универзитетот поминале од 20000 до 30000 средношколци. Универзитетот во иднина смета на наставниот центар во Прилеп имајќи превид дека голем дел од енергетските потенцијали се во Западна Македонија. Студиските програми од рударството, геологијата и од земјоделството се сериозна потреба на регионот, изјави Барбареев.
Деканот на Земјоделскиот факултет Љупчо Михајлов вели дека се задоволни што од сто места на дисперзираните студии во Прилеп повеќе од половината се пополнети, а пазарот на трудот бара агрономи.
- Во Прилеп сме присутни трета година. Овде сме со две насоки: поледелство и фитомедицина, зашто почвено-климатските услови нудат интерес за тие насоки. Од стоте места во студискиот центар во Прилеп се исполнува над 50 насто, што според условите во државава е задоволувачки број. Не радува што на пазарот на трудот се уште се бараат агрономи. Сега сакаме потранспарентно пред јавноста да покажеме што нудиме, рече Михајлов.
Годинава во Прилеп има 900 матуранти во пет средни училишни центри и, според Марјан Матракоски, советник за образование во прилепската локална самоуправа, на Прилеп му требаат што повеќе високообразовни кадри.
- Оваа година ќе имаме околу 900 матуранти во Прилеп и се надеваме голем дел ќе го продолжат обраванието на една од високообразовните институции во земјава, како и на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во интерес е на градот да има што повеќе високообразовани кадри кои ќе го носат напредокот на градот, рече Матракоски.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
