Отворен ден во Царината со учесниците во царинската постапка

Во Царинската управа на Република Македонија денеска се одржа отворен ден со учесниците во царинската постапка. На средбата, како што соопштија од Царинската управа, присуствуваа директорот Ѓоко Танасоски и увозници, извозници, застапници, шпедитери, производители и транспортери.
На средбата, на која присуствуваа претставници на економски оператори, се обрати директорот на Царинската управа, кој во своето обраќање ги истакна постигнатите резултати во изминатата година и ги запозна присутните со новините во царинското работење кои ќе почнат да се применуваат од јануари 2019 година, како што се новиот електронски систем за обработка на царински и акцизни документи, овластениот економски оператор и новите царински прописи.
Директорот Танасоски ја истакна важноста на ваквите настани и посочи дека соработката со деловната заедница е клучен фактор за градење на доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки.
За време на средбата, присутните претставници на економските оператори имаа можност да ги истакнат предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење, а дадоа предлози како заедно најповолно да се создаде конкурентен економски амбиент.
Средби од ваков вид, најавуваат од Царината, ќе продолжат да се одржуваат во иднина и Царинската управа ќе остане посветена на својот пат за подобрување на деловното опкружување и создавање еднакви можности за економски раст и развој на сите учесници во економските процеси.
Ново на Сител
-

Дедо Мраз и омилените детски ликови ги израдуваа хоспитализираните деца на детската клиника
-

Албанската министерка за Европа во официјална посета на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

СДСМ: Мигранти за пари во Македонија
-

ЕУ средства за прекугранична соработка за развој на турзимот
-

Бањата од римскиот период во Банско ќе добие заштитна конструкција, средствата обезбедени од ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
