Македонија
12. November 2015 - 12:36

Отворен традиционалниот шаховски турнир на пензионерите од Скопје

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, денеска е отворен традиционалниот шаховски турнир на пензионерите од овој град.

Турнирот се одржува секоја година и на него учествуваат натреварувачи во машка и женска категорија од 14 здруженија од Скопје. Покровител е градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Трајановски и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Драги Аргировски го означија почетокот на турнирот на кој учесниците ќе добијат благодарници, а најдобрит дипломи.