Македонија
18. јуни 2017 - 13:00

Отворена истрага: Кичевец го пронашол својот татко облеан во крв пред влезната врата

Вчера вечер околу 20.35 часот во дворот на семејната куќа на ул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Кичево, поточно пред влезната врата, пронајден е починат С.П.Г. (81).
 
Починатиот бил пронајден од неговиот син М.П.Г. и бил во лежечка положба со лицето свртено кон земјата. Истиот бил со повреда во пределот на лицето и со траги од истечена крв.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица во Кичево. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во капела во Медицински центар Кичево за обдукција.