Отворена сувенирница на граничниот премин Деве Баир

На граничнииот премин меѓу Македонија и Бугарија - Деве Баир синоќа е отворена сувернирница. Со проектот на Владата на РМ е предвидено отворање на 20 сувенирници низ државата. Вакви објекти покрај на Деве Баир, има и на гранични премини Табановце и Богородица.
- Ова е можност туристите кои влегуваат и излегуваат од државата да можат да купат копии од богатото македонско културно наследство и да ги понесат со себе со што ќе ја промовираат државата, изјави заменик-министерот за култура Драган Неделковиќ.
Сувенирницата е објект во рамки на националната установа Музеј Куманово.
Според Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово, Македонија е богата со прекрасни фрескоживописи, цркви, манастири, археолошки локалитети и останати знаменитости, а со сувенирниците се остварува една од стратешки цели на Владата на РМ да се промовира нашето непроценливо културно наследство.
- Сите посетители ќе можат оттука да понесат копии од артефакти ископани од сите локалитети ширум Македонија, копии од значајни споменици кои ги има Македонија, привезоци, шолји, маици и останати промотивни материјали. Се надевам дека на сите кои ќе ја посетат Македонија, но и на нашите граѓани ќе им биде чест да купат и понесат нешто автентично и на тој начин да ја промовираат државата и нашето богато културно наследство, изјави Цветановска.
Ново на Сител
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
