Отворени избирачките места во Унгарија

Унгарија денеска одржува парламентарни избори, а избирачките места се отворија во 6:00 часот. На терен се активни 10.047 избирачки места, а се очекува до затворањето во 19:00 часот да гласаат околу 7,5 милиони граѓани.
Според најавите, Националната изборна канцеларија во текот на денот ќе ја известува јавноста за излезноста во неколку термини – во 7:00, 9:00, 11:00, 13:00, 15:00, 17:00 и 18:30 часот. Објавувањето на прелиминарните резултати треба да почне кусо по затворањето на гласачките места, а до 23:00 часот се очекува да бидат обработени 92–95% од гласовите.
Право на глас имаат повеќе од 8,1 милиони избирачи. Дел од унгарските државјани ќе гласаат по пошта од странство, при што станува збор за близу половина милион гласачи, најмногу од Романија и Србија.
Анкетите во пресрет на изборниот ден како главни ривали ги посочуваат владејачката партија Фидес на актуелниот премиер Виктор Орбан и проевропската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар. Изборите се одржуваат во 106 изборни единици, а ќе бидат избрани 199 пратеници во Народното собрание на Унгарија.
За влез во парламентот, партиите треба да го поминат изборниот праг од 5%. Премиерот го избира парламентот со просто мнозинство, а претседателот на државата предлага мандатар, кој вообичаено доаѓа од партијата што ќе ја добие изборната трка.
Рокот за објавување на резултатите е 18 април, а конечните резултати треба да бидат објавени до 4 мај.
Ново на Сител
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
