Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
Црвениот крст соопшти дека се отворени телефонски линии за донации од Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик). Донации може да се направат и преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
Од Црвениот крст информираат дека се отворени и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.
-Црвениот крст на РСМ веќе е контактиран од страна на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, Меѓународниот комитет на Црвен крст, Албанскиот Црвен крст, Бугарскиот Црвен крст, Црвениот крст на Србија како и поголем број на компании и граѓани да дадат поддршка за настраданото население. Хуманиот одговор од страна на граѓаните, компаниите и здруженијата на граѓани, и овојпат се покажа како брз и ефективен со донации на храна, вода, сместување за членовите на семејствата на повредените лица, санитетски материјали, човечки ресурси и финансиска поддршка, велат од Црвениот крст.
Оттаму информираа дека во функција се ставени сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка.
Доставена и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички, а пред болниците во Скопје, Штип и Кочани отворени се пунктови на Црвениот крст каде граѓаните може да добијат дополнителни информации за нивно сместување, освежување, храна, прва помош и прва психолошка помош. Во функција се ставени и возилата на Црвениот крст.
Ново на Сител
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО
-
Се уште нема нови информации од информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот