Отворено писмо на управителот на друштвото HOLLODEX DOO Белград, основач на НЕФА мебел ДООЕЛ Скопје
Почитувани потрошувачи и вработени,
Искрено се извинуваме и жалиме за стресот кој го претрпевте поради медиумските објави со содршина дека наводно „руски крадци и измамници“ со вашите пари избегале од Србија и Македонија. Ве уверуваме дека не е точно. Матичната компанија Hollodex ДОО Белград мошне сериозно ја сфати оваа ситуација и ќе издвои средства да ги обештети своите купувачи и вработени.
ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НИТУ ЕДЕН ОД НАШИТЕ КУПУВАЧИ И ВРАБОТЕНИ НЕМА ДА БИДЕ ИЗМАМЕН И ОШТЕТЕН и сите ќе го добијат својот мебел или своите пари кои им следуваат.
Ве молиме да имате разбирање за тоа дека ни е потребно време да ги обезбедиме средствата и да ги организираме исплатите на истите. Ќе дадеме се од себе тоа да биде во најскоро време. Исто така, ќе се обидеме повторно да ја активираме веб страницата www.nefa.mk на која најдоцна до 07.06.2019 ќе ве известиме за понатамошните чекори и начинот на поднесување на барањата за обештетување.
Свесни сме дека се чувствувате загрозено во ситуација со недостатокот информации и голема медиумска бука. Затоа ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не шират непроверени информации. Имено ве известуваме дека колешката Јулијана Вицо, една од највредните менаџери за продажба во Србија која беше пратена во Македонија и назначена за нов управител на НЕФА МЕБЕЛ Скопје на 10.05.2019 година со цел да ја провери состојбата во која се наоѓа Друштвото, замина од Македонија бидејќи не се чувствуваше небезбедно во вашата земја поради телефонски закани од одредени лица упатени кон неа лично. Истовремено, ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не ги вознемируваат и другите нашите колеги и вработени во НЕФА МЕБЕЛ Скопје кои и покрај сите предизвици даваат големи напори за да ги обештетат нашите купувачи.
Сакаме да нагласиме дека имаме цврста намера и пред затворањето на проектот во Македонија да ги исполниме сите превземени обврски кон нашите потрошувачи и вработени со сета почит која ја заслужиле.
Виталиј Сергеев, управител на Hollodex doo Белград.
Ново на Сител
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ