-->
-->
Ова е првиот европски град кој ги забранува автомобилите
-->
Норвешката престолнина Осло од 2019 година планира целосна забрана за моторни возила во центарот на градот.
Реализацијата на забраната ќе оди поетапно во секоја од наредните години. Целта е да се намали загадувањето на воздухот.
Паралелно се планира зголемување на капацитетите на градскиот превоз и подобра инфраструктура за велосипедисти и пешаци, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори од Градскиот совет на Осло.
Обиди за забрана на моторен сообраќај во центарот на градот има во повеќе европски градови. Париз еднаш годишно ги затвара улиците за автомобили, додека Лондон наплаќа високи такси за оние кои сакаат да возат низ центарот на градот.
Осло ќе биде првиот град кој целосно ќе гво забрани сообраќајот на моторните возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски