Балкан
12. March 2018 - 23:14

Ова е вереникот на ќерката на турскиот тајкун: Веќе ги испратија поканите за нивната свадба кога се урнаа нивните соништа

Во авионската несреќа која вчера се случи во Иран, загина Мина Басаран, богата наследничка на семејството Басаран и ќерка на тајкунот Хусеин Басаран, која на 14 април требаше да се омажи за Мурат Гезер, успешен млад бизнисмен од Истанбул.

Турскиот печат често пишуваше за Мина и нејзиниот вереник Мурат, зошто двајцата беа познати лица од турскиот џет сет, млади, богати и многу успешни во својот бизнис.

Тие во октомври минатата година се верија и тогаш е направена голема забава во хотелот „Сохо Хаус“ во Истанбул. Венчавката тогаш ја закажаа за 14 април оваа година.

Вереникот на Мина, Мурат Гезер е сопственик на компанијата "Metprint Printing Sistems" која се занимава со дизајн и производство на метална амбалажа, а работи ширум Европа, Блискиот исток и Африка.

Како што пренесуваат турските медиуми, Гезер течно говори англиски и германски јазик, а студирал на американскиот Универзитет Интер Континентал. Трагичната несреќа вчера се случи близу Техеран, и ги прекина сите планови на младата двојка за заеднички живот.

Мина Басарна загина со уште седум другарки, кога се враќале од Дубаи каде ја прославувале нејзината моминска вечер. Авионот со кој патувале припаѓал на семејната компанија на Мина. Животот го загубија и три членки на посадата.