-->
-->
Овие познати фолкери соработувале со тајната служба
-->
Фолк-ѕвездите се погодни за носење информации, бидејчи имаат полесен пристап кон луѓето. Се опуштаат, пијат, знаат многу луѓе имаат контакти. Ова го тврдат српските криминолози по информацијата која се појави во српските медиуми дека дел од фолкерите работеле за тајната служба.
Нема пејач кој барем еднаш не сопработувал со тајните служби и не давал информации на Државната безбедносна служба. Ова го тврдат соговорниците на српскиот Курир.
Српската пејачка Олја Карлеуша тврди дека никој никогаш не контактирал со нив, но дека пеела за нив.
- Кога имаат прослави, родендени и така натаму, не канат да пееме. Тоа ни е работа, но останува на тоа, вели таа.
Додава дека никогаш не побарале ниту информација ниту услуга од неа.
Единствена која јавно призна дека соработувала со тајните служби е Весна Ривас.
- Доста колеги соработуваа. Не можам да кажам имиња, ве молам. Ние имаме контакти, влегувале во масата, знаеме се, погодни сме за службата. Ако се случило пример убиство, веднаш се земаат пејачите од естрадата да помогнат, вели таа.
И Кики Лесендриќ кој го гледавме во Икс фактор, вели дека никогаш не соработувал.
- Да, да 11 години работам за тајната служба. Секако дека не, се шегувам, вели тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1