Балкан
26. November 2019 - 15:15

Овој татко има само една желба: Заробена е под урнатините, спасете ја!

Хаџи Кабили е еден од преживеантие во земјотресот кој го погоди Тумане во Албанија.

Кабили има скршеници и повреда на главата, но одбил лекарска помош зошто има само една желба - да се пронајде неговата ќерка (21) која е затрупана во урнатините на четирикатницата во која живеат.

„Би требало да биде заробена под оние урнатини каде беше затрупано момче. Јас имам повреди на главата, ме боли целата десна страна кај ребрата. Не ми треба лек, повредите не ми пречат. Барам помош од државата, да ја пронајдат, сакам да е жива“, рече несреќниот татко.

Кабили (52) беше спасен заедно со сопругата, додека нивната ќерка останала заробена. Жителите со помош на полицијата и градежните фирми работат на отстранување на урнатините и се обидуваат да пронајдат преживеани.

 

Едно дете (16) успеаја да го спасат, додека неговата баба е прогласена за мртва.

Да потсетиме, во последните 11 часа, Албанија ја потресоа 21 земјотрес кои спаѓаат во категоријата катастрофални...

Се уште нема конечни податоци за бројот на загинатите и повредените, но досега таа бројка изнесува: 18 загинати и над 300 повредени.