Оздраве потполковникот кој беше заразен со нигериски сој на Ковид-19
Излекуван е потполковникот кој заболе од Ковид-19 во Централноафриканската република и беше транспортиран во земјава и хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, објави на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Среќна завршница на патешествието на нашиот потполковник, кој во Централноафриканската република заболе од Ковид-19. По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него, напиша Шекеринска на својот ФБ профил.

Потполковникот, посочува министерката, набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.
-Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме!, пишува Шекеринска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
