Пациентката болна од коронавирус две недели била болна во Италија но не била тестирана
На прес конференција во владата министерот за здравство Филипче потврди дека пациентката која денеска во раните утрински часови била хоспитализирана е позитивна на корона вирус.
Министерот напомена дека нема простор за паника и дека пациентката е сместена на Инфективна во одделот за изолација.
Пациентката позитивна на корона вирус еден месец била во прошетка и посета на свои роднини во Италија, веќе две недели била болна и иницијално се третирала во италијанска здравствена установа но не била тестирана за корона вирусот.
Непосредно по влегувањето во Македонија се упатила на Инфективна клиника во Скопје, што дава за право да мислиме дека инкубацијата е многу одамна помината и во моментот на транспорт за луѓето со кои што се превезувала не претставувала опасност да ја пренесе болеста, изјави Филипче.
Сите патници кои се превезувале и биле во контакт со пациентката ќе бидат идентивикувани, проверени, тестирани и ставени во 14-дневна изолација.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип