Падна албанската мафија, уапсени 64 нејзини членови во голема акција на Европол

Со поддршка на Европол, 64 припадници на албанска организирана криминална група се уапсени меѓу 3. и 5. април.
Тие се уапсени во текот на истовремени полициски операции спроведени во Белгија, Франција, Холандија и Италија, во која учествувале околу 600 полицајци.
Се верува дека осомничените илегално произведувале и тргувале со дрога и дека се поврзани и со трговија со луѓе, проституција и перење на пари, соопшти Европол.
Наведената полициска акција ја следи и сложена истрага која се занимава со активностите на оваа организирана криминална група која делува во Белгија, Франција, Холандија, Италија и Велика Британија, а се верува дека осомничените управувале со плантажи со канабис распоредени ширум Белгија и на северот од Франција, а некои од нив исто така биле вклучени во трговија со луѓе во Франција.
Во оваа полициска операција се уапсени 55 лица во Белгија, вклучувајќи ги и водачите на оваа криминална група, 7 лица во Холандија и уште две лица во Франција, а во акцијата покрај белгиската, учествувале и француската, италијанската, холандската и британската полциија, а Европол ја поддржа истрагата, овозможувајќи размена на информации, проверка на податоци во реално време и друга потребна техничка поддршка.
До денешниот ден во оваа истрага се затворени 15 плантажи со канабис и запалени 8.255 стебла од канабис, околу 100.000 евра во готово и во злато, 4 луксузни возила и 63 електронски уреди.
Албанскиот организиран криминал и натаму претставува проблем за сите земји во Европа, а тоа е закана која Европол ја сфаќа многу сериозно. Се очекува операции од овој тип и во блиска иднина, како одговор на полицијата на овој вид на криминални активности, се наведува на крајот од соопштението на Европол.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
