-->
-->
Паднал веднаш по полетувањето, параглајдерист од Германија заврши во болница
-->

Вчера во 18.11 часот во СВР Битола било пријавено дека кај полетувалиштето за параглајдери на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево бил пронајден повреден параглајдеристот К.Ф.Б.(60) од Сојузна Република Германија, соопшти МВР.
Според пријавеното, околу 17.40 часот тој полетал од полетувалиштето, но поради силниот ветар изгубил контрола и паднал веднаш по полетувањето и се здобил со тешки телесни повреди.
Од екипа на Итна медицинска помош тој пренесен до хелиодромот, кој се наоѓа во близина, по што со хеликоптер на МВР бил пренесен до приватна болница во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
