Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина

Поранешниот претседател на Словенија Борут Пахор не се пријави за позицијата специјален пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, јавува Анадолија.
Денеска истекува рокот за пријавување на повикот од високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика за четири специјални пратеници на ЕУ, вклучително и оној за дијалогот Белград–Приштина и други регионални прашања.
Според Пахор, околностите се промениле од пролетоска кога најавуваше кандидатура. Причините ги опиша во седум точки, вклучително и неговите лични ставови.
Според него, грешка е што за разлика од другите три повици за специјални пратеници, мандат од една година има само пратеникот за дијалог меѓу Белград и Приштина.
Истовремено, тој додаде дека од неофицијално соопштение дознал дека треба да се намалат финансиските средства на пратеникот за дијалог и неговиот кабинет.
Тој посочи и дека од неформални разговори дознал дека за специјален пратеник бараат дипломат, а не политичар.
Тоа е, се разбира, легитимна одлука, но политиката на технички дијалог продолжува, која не се покажа како најдобра. Според мене, тоа е затоа што околностите многу се сменија, дојде време за политичар на ова место и за политичка интервенција, се разбира по инструкции на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика. Стравот дека тоа би можело да биде поради моите политички позиции во минатото е произволен, неоснован – објасни Пахор.
Според Пахор, неговите лични ставови за проширувањето се разликуваат од официјалната политика на ЕУ.
Тој нагласи дека најбрзиот можен прием на Црна Гора и Албанија може да биде пречка, а не поттик. Словенечкиот дипломат, исто така, смета дека е значајно и важно што соговорниците во Србија и Косово сметаа дека за нив е се многу поважни американските, отколку европските избори.
Тоа доволно зборува за авторитетот на процесот на проширување во регионот – рече Пахор.
Тој им посака успех во процесот на проширување на избраниот посредник и високата претставниќка, комесарот за проширување, Европската комисија и нејзиниот претседател.
Ќе продолжам да се стремам кон ова како основач и директор на Институтот на пријатели на Западен Балкан. Доколку некој од нив смета дека можам да помогнам од оваа улога, ќе дадам се од себе – потенцираше Пахор.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
