Пахор – Заев: Словенија и цела Европа поддржуваат почеток на преговорите за Северна Македонија
Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение, истакнале премиерот Зоран Заев и словенечкиот претседател Борут Бахор на денешната средба одржана на маргините на Бледскиот стратешки форум.
Претседателот на Владата Зоран Заев потенцираше дека Европа препозна дека граѓаните на Северна Македонија покажаа храброст и ги прифатија европските вредности и дека земјата направи сѐ за да продолжи по европскиот пат напред.
Премиерот Заев ја поздрави определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир