Балкан
28. January 2019 - 15:52

Пајат: Договорот од Преспа придонесува за безбедноста и просперитетот на регионот

Договорот од Преспа придонесува за безбедноста и просперитетот на регионот и претставува пресвртна точка за Грција, која е фактор за стабилноста во регионот.

Ова денеска го изјави американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат, во рамки на Атинскиот енергетски форум 2019, прашан за Договорот од Преспа, објави „Катимерини“.

Во однос на изјавите на опозицискиот лидер Кирјакос Мицотакис за Договорот од Преспа, амбасадорот Пајат, рече дека тие се охрабрувачки. Според Пајат, неговата политика е дека тој може да не се согласува со договорот, но ќе продолжи понатаму