Пакети со основен ученички прибор и материјали ќе добијат сите првачиња од Општина Кочани
Општина Кочани ќе им додели пакети со основен ученички прибор и материјали за следење на наставата на сите првачиња кои годинава за првпат го почнуваат основното образование.
Едногласна одлука за ваквиот вид помош за новите ученици донесе Советот на Општината на денешната седница, откако беше прифатена измената на претходниот предлог да се обезбеди финансиска помош во висина од по две илјади денари за секое прваче.
-Наместо исплата на парична помош, предлагаме да го искористиме склучениот договор за јавна набавка и да подготвиме основни пакети за учениците. Годинава во општината имаме вкупно 327 првачиња и секое ќе добие пакет од Општината, за што ќе се искористат средствата од буџетот што се предвидени за оваа набавка, истакна Дејан Рашков, секретар на Општина Кочани.
Според проценките по предлогот за поддршка на првачињата, вкупната сума што би се потрошила за оваа намена е над 600 илјади денари. Притоа, не беше прифатен предлогот советниците да донираат дел од своите примања што ги добиваат како паушали за ангажманот во Советот.
Според најавите од стручните служби во Општина Кочани, пакетите со прибор за првачињата ќе бидат поделени во почетокот на новата учебна година.
Ново на Сител
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски