Пакистанскиот Врховен суд реши Наваз Шариф да остане премиер

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф останува на функцијата, откако Врховниот суд на Пакистан со тесно мнозинство пресуди дека „доказите за корупција се слаби“ за да може да се покрена постапка за неговото сменување.
Постапката за смена на Шариф, кого опозицијата го обвинува за корупција и за перење пари, почната уште минатата есен, по обелоденувањето на сознанијата од „Панама документите“ дека трите деца на актуелниот пакистански премиер се поврзани со оф-шор сметки во Панама.
Опозицијата, што ја предводи политичарот Имран Кан, тврди дека парите од кои е купен имотот на семејството Шариф во Лондон потекнува од илегални оф-шор фирми, создадени од ќерката и од двата сина на премиерот, со цел да не плаќаат данок во Пакистан.
Ќерката Мариам Шариф, која според пакистанските медиуми е „главниот финансиски советник“ на премиерот и за која се тврди дека има политички амбиции, како и нејзиниот татко, пред крајот на минатата година во два наврати бише повикана на сослушување пред судиите на Врховниот суд.
Шариф тврди дека тој и неговото семејство не сториле ништо противзаконско, обвинувајќи ја опозицијата дека за покренувањето на целиот случај имала само политички мотиви.
Сите се бранат дека имотот во британскиот главен град е купен преку една катарска фирма, а не преку панамски оф-шор компании.
Пресудата на Врховниот суд се очекуваше во многу тензична атмосфера. Повеќе од 1.500 полицајци беа околу зградата на Судот, пред која беа собрани повеќе илјади опозициски демонстранти, кои бараа од Шариф да поднесе оставка и да замине од функцијата.
Пресудата беше поздравена од партијата на Шариф, Пакистанската муслиманска лига, која издаде посебно соопштение, додека неговата ќерка на Твитер напиша дека „само Алах помогнал да победи правдата“.
Опозицијата е незадоволна од пресудата, особено кога стана јасно дека од петмината судии, тројца биле за тоа актуелниот премиер да остане на функцијата, додека двајца гласале за смена на Шариф.
Според Имран Кан, одбрната на семејството на премиерот, дека зделката во Лондон одела преку катарска фирма е „обична измислица“, затоа што станува збор за „лажна фирма“ од Катар.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
