-->
-->
Палестинците бараат укинување на израелската блокада на Газа
-->
Генералниот секретар на палестинското движење „Исламски џихад“ Заид Накиа, ги повика израелските власти, во екот на пандемијата на коронавирус, да ја укинат повеќегодишната блокада на Газа, јави Анадолија.
Тој предупреди дека Израел ќе мора да избере дали ќе ја укине блокадата и ќе ги ослободи палестинските затвореници или ќе се соочи со катастрофални последици од пандемијата на Ковид-19.
Накиа побара палестинските власти да заземат поостар став кон израелските власти, кои со блокадата на Газа го прават животот невозможен, посебно во екот на пандемијата.
Израел под блокада ја држи Газа од 2006 година, а станува збор за палестинска енклава со најмалку два милиони жители.
Во Газа досега се потврдени 12 случаи на заразени со коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание