Панел дискусија за работничките права на младите работници
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија за тоа колку се почитуваат работничките права на младите работници.
На панел дискусијата се очекува да се разговара за моменталните состојби за почитување на работничките права со посебен фокус кон младите работници. На настанот ќе бидат презентирани и наодите од анкетата „Колку младите ги познаваат своите работнички права“.
Панел дискусијата се одржува во рамки на националната кампања „365 работнички права за младите“ чија цел е да се подигне свеста кај младите за нивните работнички права кои им се загарантирани со Законот за работни односи.
Кампањата официјално почна на 1 јануари и ја спроведуваат младинските информативни и советодавни центри Инфо СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Кондеферацијата на слободни синдикати на Македонија.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата