Паоло Коељо сака да пишува роман за Радован Караџиќ

Хашкиот трибунал доби несокојдневна понуда и целиот свет е во очекување на неговиот одговор.
Имено, како што објави белградскиот весник „Вечерње новости“, Коељо побарал од Трибуналот да му дозволи средба со поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, со цел да напише книга за неговиот живот.
Според весникот, славниот писател најавил дека е подготвен да допатува во Холандија и со Караџиќ да мине две недели, со цел тој да му раскаже како со години се криел од органите на прогонот под лажното име доктор Драган Давид Дабиќ.
„Вечерње новости“, повикувајќи се на „добро информиран извор“, тврди дека Караџиќ засега не се согласил целосно да открие дел од неговата лажна биографија и се да му раскаже на бразилскиот писател.
Иако е свесен дека неговата приказна ќе има планетарен одек, а со потписот на Коељо и книгата ќе достигне милионски тираж, Караџиќ се уште размислува околу оваа „многу примамлива понуда“, додава истиот извор.
Без сомнеж криењето под името на докторот Дабиќ било оригинално, а неговата физичка трансформација повешта отколку во кој било криминалистички филм. Караџиќ со овој идентитет слободно се движел меѓу народот, шетал низ српскиот главен град и работел како лекар, практично пред носот на сите служби кои со години тргаа по него.
Ново на Сител
-

„Како ќе контролира рудник, човек кој не може да реши 10 крави“ – Нови тензии меѓу Филипче и Митовски
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
