-->
-->
Папата доби необичен подарок
-->
Папата Франциско за време на аудиенција на плоштадот „Свети Петар“ во Рим вчера од едно семејство од Пјаченца доби несекојдневен подарок - кравата Лу.
Сточарот по име Анџело Грамиња изјави дека таа дошла на свет по неговиот аџилак во Лурд, па затоа и го добила тоа име. - Овој подарок е остварување на мојот сон, истакна Грамиња.
Заменик-портпаролката на Ватикан, Палома Гарсија Овејеро изјави дека кравата ќе и се придружи на другата стока на фармата близу летната резиденција на папата во замокот Гандолф, што се наоѓа 25 километрии југоисточно од Рим.
На вчерашната аудиенција кај папата присуствуваше и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој неодамна премина во католицизам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена