Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници
Папата Франциско вчера ја предводеше бадниковата миса во базиликата Свети Петар во Ватикан, на која присуствуваа илјадници верници.
На мисата и претходеше отворањето на „Светите врати“, кои го симболизираат почетокот на католичката света година, позната и како јубилеј. Светата година се слави на секои 25 години и се смета за време на мир, простување и помилување.
Оваа традиција датира од 1300 година, кога за прв пат ја вовел папата Бонифациј VIII.
Папата Франциско ја отвори „Светата врата“, посебен чин кој претставува надеж и обнова за верниците ширум светот.
Папата рече дека приказната за раѓањето на Исус треба да ги поттикне луѓето да се надеваат дека секој може да влијае на светот.
-Надежта е покана да не се одолговлекува, да не се задржуваме од старите навики или да останеме во просечност или мрзеливост. Надежта нè повикува да бидеме вознемирени од нештата што се погрешни и да најдеме храброст да ги промениме, рече папата Франциско.
Аџиите кои ќе дојдат во Рим за време на „Светата година“ можат да добијат простување на гревовите, а овој јубилеј трае до 6 јануари 2026 година.
Ватикан очекува до 100.000 аџии да минуваат низ вратите секој ден следната година.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?