Папата Франциско повика на будност кон сите видови фундаментализам

Папата Франциско повика денеска за будност кон сите видови фундаментализам, било да е религиозен или не.
Поглаварот на Римокатоличката црква го упати апелот од Конгресот на САД, каде што говореше пред членовите на двата дома од истата говорница, од која вообичаено говорат американски претседатели.
- Треба да посветиме посебно внимание на секој тип фундаментализам, било тоа да е религиозен или од друг вид, повика Франциско.
Неопходно е постигнувањето на деликатен баланс, за да се избориме против насилството, кое е вршено во име на една религија или на една идеологија, и во исто време да ги зачуваме индивидуалните слободи, изјави папата.
Папата апелираше до американските законодавци, дека како членови на Конгресот имаат одговорност преку својата дејност да придонесат за развојот на својата земја.
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
