Папата Франциско со миса во Филаделфија ја заврши шестдневната посета на САД
Папата Францис вчера во Филаделфија на последната миса за време на посетата на САД, ги повика сите луѓе католици или не, да го заштитат заедничкиот дом и да создаваат семејства.
Аргентинскиот папа повторно зборуваше за двете централни теми на својата шестдневна посета на САД, кои ги изнесе во своето обраќање пред американскиот Конгрес и во ОН.
- За да го заштитиме нашиот дом, треба да вложиме напори за обединување на човечкото семејство во барање на целосен и траен развој, изјави тој во однос на климатските промени и уништувањето на природата, неколку месеци пред париската конференција за климата.
Пред стотици илјади верници, кои присуствуваа на мисата на отворено на булеварот „Бенџамин Френклин“, папата Францис го истакна семејството како единствен столб на едно здраво општество. - Унијата меѓу мажот и жената дава живот и го открива Бог, истакна папата, повикувајќи ги сите млади, католици или не, да создаваат семејства.
Папата Франциско синоќа од Филаделфија замина за Рим по десетдневна посета на САД и Куба.
За време на својата историска шестдневна посета на САД тој ги посети Вашингтон, Њујорк и Филаделфија, по четиридневната посета на Куба. Во рамки на својата посета тој се сретна со претседателот Барак Обама, зборуваше пред Конгресот и ОН и учествуваше на Светската средба на семејствата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025