Папата повика на бoрба против шверцот на дрога и корупцијата

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско синоќа одржа миса пред базиликата „Пресвета Богородица од Гвадалупе“ во мекисканскиот град Густаво Мадеро, на која присуствуваа околу 50.000 верници.
- Со нетрпение чекав да дојдам и по третпат во животот да и се помолам на Богородица од Гваделупе за Мексико, за американскиот континент и за сите каузи на мојот понтификат, порача папата Франциско од првата миса во рамки на неговата неколкудневна посета на Мексико.
Во обраќањето папата ги повика политичките лидери и католичките биксупи да ги заштитат граѓаните од насилството и корупцијата и да и се спротивстават на „подмолната закана“ од шеврцот со дрога.
- Свештениците мора да им помогнат нна Мексиканците да го избегнат насилството и корупцијата кои владеат во земјата, а не да се кријат зад своите привилегии и кариери, порача понифот.
Тој нагласи дека лидерите имаат обврска да им помогнат на граѓаните да обезбедат „вистински пристап до материјалните и духовните богатства кои им се неопходни, како што се адекватното сместување, достоинствена работа, храна, вистинска правда, ефикасна безбедност и здраво и мирољубиво опкружување“.
Базиликата „Пресвета Богородица“ е изградена во Густаво Мадеро, град северно од Мексико Сити, на местото каде според преданијата во 1531 година Богородица се појавила пред сиромашниот локален Индијанец, Хуан Диего. На тоа место прво била изградена мала црква, а денешната базила е подигната во 1709 година.
Папата допатува во Мекиско во петокот вечерта, по средбата со поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил на Куба. Папата во Мекиско Сити беше пречекан од околу 200.000 лица кои беа наредени долж рутата по која се движеше папската поворка од аеродромот до централниот плоштад Сокало, каде го чекаа уште околу 50.000 верници.
Во рамки на посетата на Мексико, папата денеска ќе одржи миса во сиромашното предградие на Мексико Сити, Екатепек, а утре ќе ја посети јужната мексиканска сојузна држава Чиапас. Понифот во вторник ќе престојува во државата Мичоакан, а в среда ќе одржи миса во градот Сиудат Хуарес, во близина на мексиканската грница со САД, по што ќе отпатува од Мексико кон Рим.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
