Папата вели дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери”
Папата Франциск во петокот рече дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери” со кои треба да се изгради мирен соживот за да се спречи патот на „фанатични групи непријатели на дијалогот”.
Папата тоа го порача на собир во Неапол, организиран од Понтификалниот богословски факултет во јужна Италија.
-Студентите по теологија треба да бидат едуцирани за дијалог со исламот и јудаизмот за да ги разберат заедничките корени и разликите на нашите верски идентитети и на тој начин ефикасно да придонесат за градење на општество, кое ги почитува разновидностите и поттикнува почит, братство и мирен соживот – рече тој.
– На теолошките факултети и црковните универзитети, потребно е да се поттикнат курсеви на арапски и еврејски јазик и култура и запознавање меѓу христијанските, еврејските и муслиманските студенти, заклучи
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание