Паравојската против Путин планира понатамошни операции внатре во Русија
Легијата на слободна Русија, паравоена волонтерска група која се бори против лидерот на Кремљ Владимир Путин, планира повеќе операции внатре во Русија, изјави портпаролот на единицата Максимилијан Андроников за британскиот весник Обсервер.
– Ќе има уште изненадувања во следниот месец, рече Андроников, додавајќи дека тоа ќе биде трета операција на баталјонот.
После тоа, рече тој, ќе има четврта и петта операција. „Имаме амбициозни планови. Сакаме да ја ослободиме целата наша територија“, додаде тој.
Легијата на слободата на Русија се состои од руски националисти кои се борат на страната на Украина во војната што почна на 22 февруари 2022 година.
Во мај и јуни, борците од легијата, заедно со групата наречена Руски волонтерски корпус, учествуваа во нападите во рускиот пограничен регион Белгород во близина на Украина.
Според украинските разузнавачки служби, ваквите операции имаат за цел ослободување на областа од режимот на Путин. Владата во Киев вели дека нема никаква врска со овие напади.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
