Парламентарни и претседателски избори во Чиле

Поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера, е главен кандидат за победа на претседателските избори, кои паралелно со парламентарните се одржуваат денеска во земјата.
Според светските аналитичари, ослабената економија и другите пропусти на центристичко левичарската Влада на сегашната претседателка на Чиле Мишел Башеле, ги вратија сеќавањата на Пињера, кој функцијата претседател ја напушти со многу лош углед.
Пињера вети дека ќе спроведе „агресивен“ инвестициски план, за да се избори со забавената економија, која бележи годишен раст од 1,5 отсто.
Нему во корист може да му биде и слабиот одзив, затоа што гласањето годинава е на доброволна основа, за разлика од изборите во 2012 година, кога беше задолжително.
Денеска во Чиле се одржуваат и избори за горниот и долниот дом на Конгресот.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
