Парламентарни избори во Австралија - конзервативците и лабуристите со еднакви шанси
Првите излезни сондажи од денешните парламентарни избори во Австралија покажуават речиси изедначен резултат на конзервативците на премиерот Малколм Тарнбул и неговиот лабуристичли соперник, поранешниот синдикален лидер Бил Шортон, пренесоа француските медиуми.
Според анкетата за излезноста на избирачките места на телевизијата „Канал девет“ (Channel Nine) во 25 избирачки региона, за кои се смета дека не го поддржуваат ниту едниот, ниту вториот камп, досега владеачката конзервативна коалиција и лабуристичката опозиција обезбедиле по 50 проценти од гласовите.
Анкетата на „Скај њуз“ (Sky News) прогнозира победа за Малколм Тарнбул со 62 проценти од гласовите наспроти едвај 19 отсто за Бил Шортон.
Овие анкети се ведат пред крајот на изборниот ден.
Повеќето гласачки места беа затворени во 8 часот по Гринич, а останатите ќе останат отворени уште два часа.
Во Австралија гласањето е задолжително и за непочитување на оваа обврска се наплатуваат казни.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно