-->
-->
Партијата на Бојко Борисов денеска ќе направи промени во раководството
-->
Извршната комисија на владејачката партија во Бугарија ГЕРБ денеска ќе одржи Национално собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија притоа ќе бидат избрани заменици претседатели на ГЕРБ и нови членови на извршните и контролните комисии. На делегатите ќе им биде понудено да гласаат и за измена на статутот на партијата. Поради епидемиолошката состојба, форумот ќе се одржи преку Интернет.
По парламентарните избори на 4 април се зборуваше за можни промени во раководството на ГЕРБ. Тогаш премиерот и партиски лидер во оставка Бојко Борисов изрази незадоволство од неговите изборни резултати во Софија, Бургас и Стара Загора. Менда Стојанова, Красимир Велчев, Пламен Нунев денеска ќе се разделат со своите позиции во раководството на партијата. Имаше и неофицијална информација во софиските медиуми дека некои од најуспешните градоначалници на ГЕРБ, Јорданка Фандакова и Димитар Николов, ќе се разделат од нивната функција заменик претседател на партијата, но потоа, од коментарот на Бојко Борисов стана јасно дека Фандакова веројатно не е кандидат за градоначалник на Софија и може да ја задржи лидерската позиција во ГЕРБ.
Според статутот на ГЕРБ, Националното собрание се свикува најмалку еднаш на четири години, а последното беше во 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид