Партијата СМЕР-СД победи на изборите во Словачка
На парламентарните избори во Словачка, кои се одржаа вчера, според прелиминарните резултатите најголем број гласови (28,5 проценти) освои партијата СМЕР- Социјална демократија (СД) на актуелениот премиер Роберт Фицо, јави дописникот на МИА.
Според резултатите, кои ги соопшти Заводот за статистика, словачките социјалдемократи го изгубија досегашното мнозинство од 83 од 150 пратеници кои им овозможуваше да формираат еднопартиска Влада.
- Имаме обврска како партија која ги освои овие избори да се обидеме да составиме стабилна влада. Нема да биде лесно тоа... но секако дека треба да се направи се, да не дојде до предвремени избори ниту никакви други експерименти, кои би ја нарушиле сликата за парламентарен демократски систем, изјави Фицо во изборниот штаб на СМЕР-СД по соопштувањето на приближните резултати.
Во новиот состав на Парламентот, СМЕР-СД ќе има една третина од претставниците, а останатите парламентарци ќе бидат од други седум партии, покажуваат прелиминарните резултати.
На второ место се либералната партија Слобода и солидарност (СаС) со 11,5 проценти од електоратот и 20 мандати, потоа десничарската група Обични луѓе и независни кандидати со 10,9 проценти од гласовите, кои се претпоставува ќе им донесат 19 пратенички места.
Под пет процентна поддршка доби десничарската опозиција Демохристијанското движење (КДХ) кое првпат по постноемвриската историја ќе биде вон Парламентот и непарламентарната Партија на унгарската заедница (СМК).
Со 15 пратеници следи Словачката народна партија, потоа крајно десничарската група на Мариан Котлеба Наша Словачка со 14 мандати и освоени над 8 проценти и со 11 и 10 пратеници. здружението Семејството на Борис Колар и Мост -Хид.
Опозициската Мрежа освои само 5,5 провенти од гласовите.
Прелимираните резултати опфаќаат околу 2,2 милиони гласови во региони со 3,7 милиони гласачи, а излезноста е под 60 проценти од вкупно 4,4 милини граѓани со право на глас.
Најголемо изненадување на изборите е успехот на десничарскиот радикал Мариан Котлеба чие движење многу политичари го назначуваат за неонацистичко.
Ново на Сител
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници